Главните разузнавачи на САД и Русија разговараа што да прават со Украина
Шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин денеска изјави дека на крајот на јуни разговарал со својот колега од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, „што да се прави со Украина“, пренесе ТАСС.
Наришкин нагласи дека телефонскиот разговор траел околу шеесет минути.
Според него, изговор за повикот бил обидот за бунт на приватната воена компанија „Вагнер“ во Русија на 24 јуни.
Наришкин за руската агенција изјавил дека се уште постои можност двајцата да се сретнат лично, но дека не се договориле за организацијата на средбата, пишува „Ројтерс“.
Тој додаде дека извештаите за потенцијалната посета на Барнс на Украина до крајот на минатиот месец, не биле тема на разговор до крајот на минатиот месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа