Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство

 

 

Советот на јавни обвинители на денешната седница ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство.

Артан Ајро бил избран во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2012 година, каде ја обавувал функцијата до 2015 година. Потоа бил избран за обвинител во СЈО, а од 2019 до денес е обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје. Тој има стаж од 8 години и оценка од 25 поени.

Гоџоска го застапувала предметот за смртта на малата Тамара Димовска која почина чекајќи државна помош за лекување во странство. Таа барала да не го застапува обвинението поради приватни причини, што било прифатено, а по неа друг обвинител го преземал случајот.

Потребното мнозинство не го добија Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска, а претходно, за јавни обивинители во Јавното обвинителство беа избрани Наталија Тасевска и Елвин Вели.

12.07.2023 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега