Вработените во „Комунална“ се враќаат на работа

 

 

Од вечерва се враќаат на работа вработените во „Комунална хигиена“ во Скопје.

Извршниот одбор на синдикалната организација при ЈП „Комунална хигиена“ одржа состанок и донесе одлука револтот на вработените да продолжи да го манифестира и да искористи други законски права кои што ги имаат со цел граѓаните на Скопје да не трпат поради игнорантскиот однос на менаџментот на претпријатите во однос на решавање на проблемите н вработените во “Комунална“.

Како што рекоа претставниците на синдикатот, сите вработени денеска ќе започнат со своите работни активности со оглед дека претстојат денови со екстремна жештина и веќе работниците од втората смена ќе почнат со работата, со собирање на сметот.

„Во текот на денот синдикалната организација ќе одржи уште еден состанок за дефинирање на понатамоните чекори во однос на проблемите што ги имаат вработените во „Комунална““ посочија од синдикатот.

10.07.2023 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега