Македонија зафатена од нестабилно време, УХМР најавува врнежи и во текот на ноќта

 

 

Северозападниот дел од земјава во моментот е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на град.

Оваа маса се наоѓа западно од Скопската Котлина и се приближува кон западниот дел на градот, но поинтензивно јадро се наоѓа југозападно од градското подрачје, велат од УХМР.

Во првата половина од ноќта ќе се задржи променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Во втората половина од ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

Најмногу дожд наврна во Струмица – 64 литри на метар квадратен и во Битола, каде до 20 часот паднале 48 литри дожд на метар квадратен. Во овие градови имаше поплавувања на куќи, блокирани улици и други штети.

Интензивни врнежи попладнево имаше и во Виница, Гевгелија, Крива Паланка, Штип, Берово, Прилеп.

05.07.2023 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега