Наке Георгиев е единствен кандидат од Врховен за член на Судскиот совет
Судијата Наке Георгиев од Врховниот суд остана единствен кандидат од редовите на врховните судии за член на Судскиот совет.
Советот денеска ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови. Mестата се испразнија откако оставки си поднесоа врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски кој е судија во скопска Апелација.
Утврдувањето на листата следува откако претходно Комисијата за подготовка на кандидатските листи го изготви списокот и потоа истече рокот од 48 часа за приговори од кандидати кои не се најдоа на неа. Георгиев бил единствен кој конкурирал, додека за листата немало приговори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа