Полска загрижена за доаѓањето на „Вагнер“ во Белорусија: „Треба да ги зајакнеме нашите граници“

 

 

Полска очекува Европската унија да и помогне финансиски во зајакнувањето на нејзината источна граница, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи, откако Варшава најави заострување на безбедносните мерки поради загриженоста за пристигнувањето на групата „Вагнер“ во Белорусија.

„Европската солидарност значи поддршка за земјите на кои им се заканува дестабилизација. Треба да ги зајакнеме нашите заштитни мерки“, рече Павел Јаблонски за државното радио.

Вчера полскиот вицепремиер Јарослав Качински изјави дека во Белорусија веќе може да има околу 8.000 војници на „Вагнер“.

29.06.2023 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега