Брнабиќ подготвена за разговор со студентите

 


Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека е подготвена да оди кај студентите и да разговара со нив, нагласувајќи дека тоа е нејзина должност и обврска.

„Во овој момент клучниот проблем за мене е што Законот за високо образование не се спроведува во оваа земја повеќе од два и пол месеци, практично некој реши да го суспендира. И тоа е огромен проблем“, рече Брнабиќ одговарајќи на прашањето дали е подготвена да оди кај студентите.

Брнабиќ смета и дека одржувањето нови избори би било демократско решение за актуелната ситуација во земјата додавајќи дека српската парламентарна опозиција нема легитимитет.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка поради студентските и граѓанските протести, кои траат речиси три месеци барајќи од властите да одговараат за несреќата во Нови Сад кога се урна натстрешникот на железничката станица, при што загинаа 15 лица луѓе.

30.01.2025 - 11:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега