ССК и Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе ја официјализираат соработката
Сојузот на стопански комори на Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци денеска ќе потпишат меморандум за соработка.
Соработката ќе ја официјализираат извршниот директор на ССК, Митко Алексов и директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓеорѓиевски.
ССК и Дирекцијата за заштита на личните податоци во изминатиот период организираа обуки за компаниите членки на кои ги презентираа придобивките од правилната примена на Законот за заштита на личните податоци.
12.12.2013 - 08:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа