Нови вмрежувања на македонската стрип сцена
Стрип центарот на Македонија- Велес продолжува со отварањето врати за македонските стрип автори кон нивна промоција надвор од државата.
Како што не извести Томе Трајков –програм координатор на македонскиот стрип центар , оваа базична организација на 9 уметност кај нас веќе се вклучена во:
· Европскиот форум на илустратори (асоцијативно членство) како и во
· мрежата CAN for BALKANS –(Comics Alliance Networking for Balkans) заедно со партнери од :Романија, Србија , Албанија , Белгија
Мегутоа , веќе од почетокот на оваа недела , преку свој претставник (младата Ангела Петрушевска од Скопје) СЦМ зеде учество во проектот ECHO академија на стрип уметници.Проектот е имплементиран од страна на INTER ALIA, Грција заедно со : ФОНДАЦИЈА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО од Бугарија, СФЕРА ИНТЕРНАЦИОНАЛ од Македонија. PRO PROGRESSIONE,Унгарија и CUMEDIAE, Белгија .Проектот е кофинансиран од страна на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА на Европската Унија.
Имено, млади стрип автори од Грција, Бугарија, Србија, Холандија , Ирска ќе престојуваат на оваа стрип академија во Атина во период од 3 недели и ќе создаваат:
· уметничко дело инспирирано од куклен театар на сенки „Карагоз“. Избраните уметници ќе создадат оригинални стрип-уметнички дела (2-5 страници по стрип уметник) кои ќе бидат објавени во колективен издание од издавачот Jemma Press од Грција и
· план за пилот проект дизајниран да се спроведе во нивната матична земја во соработка со Интер Алија и локалната матична организација.
Томе Трајков додаца дека придобивки за ангажираните стрип уметници се: Развој на портфолио,Развој на капацитети,Вмрежување, меѓународна соработка и видливост,Менторство и индивидуални консултации како и консултации за пазарност
Додека пак придобивки за матичните организации се: Развој на капацитетите .вмрежување, меѓународна соработка и видливост
На крај , Томе Трајков ја нагласува позитивната комуникација со носителите на проектот од Грција на коишто ,како што потенцира , не ја применувале додавката „Северна“ во името на нашата татковина. Впрочем секоја вистинска соработка се базира на почит кон државата (заедно со историја и јазик ), почит кон организацијата како и почит кон целокупната македонска стрип сцена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа