Сиљановска-Давкова пристигна на НАТО Самитот во Хаг, ќе се сретне со претседателот на Летонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пристигна во просториите каде што се одржува Самитот на НАТО во Хаг, Холандија. Таа ја предводи македонската делегација во која се и министерот за надворешнаи работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Предвидено е претседателката да учествува на состанокот на Советот на НАТО на кој ќе се обратат генералниот секретар на Алијансата Марк Руте и холандскиот крал Вилем-Александер. По завршувањето на официјалниот дел на Самитот, кој е затворен за јавноста, Сиљановска-Давкова ќе има средба со претседателот на Летонија.
Вчера македонската претседателка присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на Самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.
Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на која искажа загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакна потребата од праведен и постојан мир.
Во фокусот на Самитот во Хаг е предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства коjшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот БДП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа