(ВИДЕО) Уште една сообраќајка вечерва: Се преврти автомобил, удрил во заштитната ограда на автопатот

 

Несреќа се случи пред влезот на Групчин, во близина на Тетово. Автомобил удрил во заштитната ограда на автопатот Тетово-Скопје, по што се превртел. Засега не е познато дали има повредени лица.

Вратата од страна на возачот била отворена,  „Макфакс“ јавува дека на местото немало друго возило, ниту повредени лица. На терен веќе има полиција.

Од МВР посочуваат дека веќе го проверуваат настанот. На терен немало ниту Брза помош, додека околу возилото имало повеќе лица, меѓу кои и минувачи.

31.05.2023 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега