Тешка сообраќајка на Партизанска: 55-годишно лице со „мерцедес“ прегази две лица

На 26.05.2023 во 11.40 часот било пријавено дека во Струга на ул.“Партизанска“ патничко моторно возило “мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.Б.(55) од с.Лабуништа-струшко удрило во М.Ч.(54) и С.З.Ч.(53) двајцата од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ч., а со телесни повреди се здобила С.З.Ч., констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.   

27.05.2023 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега