Град Скопје со демант: Тврдењата дека европските банки го замрзнаа проектот за пречистителна станица се лага со која се манипулира јавноста

 

Откако претходно денеска, порталот САКАМДАКАЖАМ.МК повикувајќи се на свои извори пренесе дека Европските банки го замрзнале проектот за пречистителна станица во Скопје, оти претставниците на градот не доаѓаат на состаноците, демант до медиумите испрати прес-службата на Град Скопје. Во него велат дека овие тврдења, како што наведоа, биле лага со која се манипулирала јавноста.

Во продолжение ИНТЕГРАЛНО Ви го пренесуваме демантот на Град Скопје испратен до медиумите:

„Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени денеска (25.05.2023 година) на интернет порталот „Сакам да кажам“ со наслов „Европските банки го замрзнаа проектот за пречистителна станица во Скопје оти претставниците на Градот не доаѓаат на состаноците“. Овие паушални тврдења се лага со која се манипулира јавноста.

Водењето на политичка агенда преку медиумски памфлети кои не се базирани ниту на елементарна вистина се недозволиви и штетни по целокупното општество. 

Од тие причини, бараме од порталот „Сакам да кажам” и од новинарката Ана Антевска во целост да го повлечат текстот „Европските банки го замрзнаа проектот за пречистителна станица во Скопје оти претставниците на Градот не доаѓаат на состаноците“, да се извинат и во целост да го објават овој демант во рок од 48 часа. Во спротивно вистината ќе ја докажуваме на суд“.

25.05.2023 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега