Полицијата на нозе во нова потрага по Медлин која исчезна пред 16 години – се пребарува брана, се собираат пари
Британската полиција во потрага по исчезнатото девојче Медлин МекКен доби дополнителни 110.000 фунти за нивната макотрпна истрага, а британските медиуми објавија дека тие би можеле да бидат на работ на пробив.
Во истрагата за исчезнувањето на Медлин МекКен, девојката која исчезна во 2007 година во одморалиштето Праја да Луз во Португалија, се појави нова трага. Полицијата ќе ја пребарува браната Араде и блиската акумулација која се наоѓа на 50 километри од местото на исчезнувањето на девојчето.
Португалското обвинителство го именуваше Кристијан Брукнер (45) како официјално осомничен. Од 2022 година тие се поврзуваат со овој случај. Германската полиција побарала претрес на браната откако открила дека Брукнер ја посетил областа во моментот на исчезнувањето на девојчето.
Брукнер, кој моментално отслужува затворска казна во Германија за силување жена во Португалија во 2005 година, никогаш не бил обвинет за исчезнувањето на Медлин и тврди дека нема никаква врска со тоа. Сепак, германскиот државен обвинител Волтерс го смета за првоосомничен, имајќи предвид дека Брукнер живеел во близина на одморалиштето помеѓу 2000 и 2017 година.
Германските власти беа убедени дека таа е мртва и имаа намера да го обвинат него за нејзиното киднапирање иако телото никогаш не беше пронајдено. Брукнер жестоко негираше каква било вмешаност во киднапирањето.
Медлин исчезна додека спиеше сама со своите помали браќа и сестри близнаци Шон и Амелија. Кејт и Џери во тој момент биле на вечера во блискиот ресторан со пријателите.
Медлин сега би имала 20 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа