САД: Mаж со палка нападнал двајца вработени во канцеларија на политичар

 

 

Маж со метална палка влегол во неговата канцеларија нападнувајќи двајца вработени, од кои што еден се здобил со повреда во главата,соопшти американскиот конгресмен од Вирџинија, Гери Коноли.

Полицијата го идентификуваше лицето како 49- годишникот Ксуан Тран Фам, со потекло од Ферфакс.

Соопштено е дека напаѓачот боледува од шизофренија и дека три месеци не ја земал потребната терапија. Тој предходно бил обвинет за напад, но обвинението било отфрлено.

„Во овој момент не е јасно која била мотивацијата на осомничениот“, додаде полицијата.

Коноли вели дека за време на нападот во тек била церемонијата на сечење лента и дека на полицијата ѝ биле потребни речиси пет минути за да одговори на повикот за помош.

16.05.2023 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега