Британско разузнавање: Русите почнаа да ги казнуваат војниците затворајќи ги во дупки во земјата

 

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на своето воено разузнавање објави дека руските команданти веројатно почнале да ги казнуваат дисциплинските пропусти на своите војници во Украина со затворање во т.н. зандани – дупки во земјата покриени со метални решетки.

„Неколку неодамнешни извештаи од рускиот воен персонал опишуваат ситуации во кои војниците биле сместени во зандани за прекршоци како што се пиење и обид да склучат договори за услуги“, се вели во извештајот на британското воено разузнавање.

Во извештајот се наведува дека строгите дисциплински мерки во редовите на руската армија во Украина почнале да се спроведуваат кога командата над силите во Украина ја презел генералот Валериј Герасимов.

 
30.04.2023 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега