Падна одлука: По 10.000 денари за семејствата на осудените за 27 април
Еднократна финансиска помош од 10.000 денари ќе добијат семејствата на осудените за упадот во Собранието на 27 април од Општина Битола. Оваа одлука денеска беше изгласана на општинскиот Совет во Битола, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.
Според иницијативата, овие пари им се доделуваат на семејствата, бидејќи биле неправедно осудени. Оваа квалификација наиде на реакции во Советот. Според советници од ДОМ факва формулација треба да дава судот, а не општинските советници.
На оваа седница на битолскиот општински совет не присуствувале советници од СДСМ, а пак советниците од Левица ја поддржаа иницијативата, иако ја нарекоа лицемерна, срамна и омаловажувачка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа