Државен испитен центар почна штрајк: Ова ќе значи неможност да се спроведе државна матура
Државниот испитен центар почна штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови.
Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии.
Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од 1 недела би значела невозможност да се спроведе државната матура.
Апелираат Министерството за финансии итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои, како што велат, вработените би добиле достоинствени плати.
Во овој момент, 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20 000 денари, наведуваат од Синдикалната организација на Државниот испитен центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа