Општина Аеродром му одговори на СДСМ: Ние решаваме проблеми на граѓаните, не градиме хотели и фотоволтаици

 

 

Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, решава важни урбанистички и комунални проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Процесот за негова изработка е целосно транспарентен и во согласност со законите процес кој вклучува и усогласување и разгледување на забелешките добиени преку анкетните листови на граѓаните. Ширењето на лажни вести е само уште еден обид на СДСМ за дефокус од крупните корупциски скандали во кои е вклучен врвот на политичката партија, се вели во дописот од Општина Аеродром кој е одговор на овинувањата од СДСМ дека на Лисиче му се заканува бетонизација.

– Додека тие се обидуваат, да ги скријат зделките за нови луксузни хотели и фотоволтаици, ние во Општина Аеродром сме посветени на решавање на проблемите на граѓаните, преку хумана урбанизација која тековно се одвива на неколку локации. Општина Аеродром е првата општина која пренамени градежни маркички во паркови и зеленило. Изминатите денови, започнаа активностите за изведба на новиот парк ‘Радост’, а нови паркови и зеленилото стануваат реалност во неколку населени места, се вели во дописот.

Од Општина Аеродром велат дека новите инвестиции во Аеродром се проекти кои решаваат најголемите предизвици на граѓаните.

– Ние не градиме хотели, како тој на мајката на Богоев и во Аеродром нема да никнат фотоволтаици како тие на сопругата на Ковачевски. Изведбата на нови паркови, реконструкцијата и изградба на нови детски игралишта, инвестициите во детските градинки и училишта се дел од инвестиции во Аеродром. И тоа ја прави општината, простор во кој контиунирано се инвестира и убаво месо за грѓаните, велат од општината.

23.04.2023 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега