Град Скопје конечно назначи портпарол

 

Град Скопје конечно доби нов портпарол. Оваа информација ја соопштија преку писмено соопштение испратено медиумите. Новиот одговорен за односи со јавноста е Кристина Депо, експерт за односи со јавност, економски развој, продажба, маркетинг и финансии.

„Град Скопје ви благодари на безрезервната поддршка и досегашната соработка, во насока на подобрување на комуникацијата на Градот со јавноста, зголемена транспарентност и достапност до граѓаните. Ве известуваме дека од денес, лице одговорно за Односи со јавност од страна на Градот Скопје е Кристина Депо, експерт за односи со јавност, економски развој, продажба, маркетинг и финансии. Нејзиното докажано работно искуство во областа на приватниот сектор, медицината, прехранбената индустрија, информатичките технологии и телекомуникации, енергетиката и банкарството. Ве молиме за сите прашања, поврзани со интервјуа, дебати, изјави, настани и останато поврзано со Град Скопје да го контактирате Одделението за односи со јавност.

Наша единствена цел е да ви овозможиме сите информации кои произлегуваат од надлежностите на Град Скопје да ги добивате навремено и транспарентно, а со тоа граѓаните бидат соодветно информирани за активностите на Градот“, стои во соопштението на Град Скопје.

20.04.2023 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега