Премачкан со црна боја написот на „Ванчо Михајлов“ во Битола

 

Со црна боја е премачкан написот на името на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Централниот регистар го избриша бугарскиот клуб од Битола.

По него, Регистарот го избриша и културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид, откако на 30 март министерот за правда, Кренар Лога, го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженијата и фондациите.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженијата и фондациите донесени лани во ноември, но не го сторија тоа.

04.04.2023 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа