Летаат казни: Полицијата им го олесни џебот на 706 возачи

 


Состојбата на подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.03) согласно активностите на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли покажува дека биле издадени вкупно 706 платни налози, а по превземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ). 

Во тој контекст, статистички гледано, од изречените прекршочни санкции повторно најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 183 се однесуваат на непрописно паркирање, а 133 – се однесуваат на непочитување на брзината на движење. Потоа по основ на непоседување на возачка дозвола изречени се 74 прекршоци; 89 се прекршоците за некористење на сигурносен појас и 15 – за неносење заштитен шлем,  а 31 прекршок за говорење на мобилен телефон при возење. Вчера само девет пешаци добиле прекршочни платни налози за разлика од завчера кога нивната бројка беше дури 209.   

Исто така, во рамки на контролите, во седум случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, а исто толку возачи управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта. Согласно ЗВ пак евидентирани се и 21 нерегистирано возило како и осум возила кои што биле технички неисправни согласно ЗВ.

13.03.2025 - 12:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега