Расчистена дива депонија кај ЖС во Скопје Север

 

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија голема дива депонија лоцирана на булеварот Босна и
Херцеговина, во непосредна близина на паркингот кај Железничката станица во скопската населба Скопје Север.
„Активностите ги спроведоа пет работници на терен, со употреба на специјални комунални возила – втоварувач, патарка и кипер. Подигнати се и транспортирани приближно 50 кубни метри  кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на непрописно одложениот отпад, реализирано е и рачно метење на целата локација“, информираат од ЈП Комунална хигиена Скопје во соопштение испратено до медиумите.

27.03.2023 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега