(ВИДЕО) Изведбата на Лејди Гага за која долго ќе се зборува: Го соблече гламурозниот фустан на „Версаче“ и облече маица и фармерки
Доделувањето на „Оскарите“ беше вечер на Лејди Гага – без разлика што таа не беше наградена. Како и секогаш, таа беше модната победничка на вечерта, каде што на публиката ѝ приреди гламур, сексапилност и изненадување.
Лејди Гага првпат се појави во брутален фустан на „Версаче“, кој изгледаше многу необично. Горниот дел од проѕирен корсет создаде совршени контури на фигурата, а долниот дел, здолниште со спуштена половина, беше луксузен и гламурозен.
По доминацијата на црвениот тепих, Лејди Гага направи уште едно изненадување. Таа изведе драматична трансформација кога ја отпеа својата песна Hold My Hand менувајќи ги фустанот и шминката со маица и фармерки.
Таа излезе на сцената во широка црна маица, искинати фармерки и стари чизми, ја отстрани шминката од лицето, а потоа седна на столот и ја отпеа насловната нумера на новиот филм „Топ ган“.
Гага на „Оскарите“ имаше номинација и за најдобра авторска песна токму за споменатата песна, но овој пат остана без награда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа