Бектеши: Ако компаниите ги намалат цените на производите повеќе од предвидениот процент, ќе се разговара да добијат државна поддршка

 

 

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека ако компаниите од прехранбената индустрија одлучат да ги намалат цените повеќе од процентот предвиден со одлуката за замрзнување, ќе се разгледа опцијата да добијат поддршка од државата.

-Донесовме одлука намалувањето да биде минимум 10 отсто, но ако компаниите одлучат и ги намалат цените за 20 отсто, на пример, ќе разговараме за тие дополнителни 10 проценти да им дадеме поддршка. Ако одреден сектор, наместо за 10 отсто, ги намали цените на 15 - 20 проценти, тогаш ќе разговараме за да им се излезе во пресрет. Нашата цел е грѓаните да плаќаат пониски цени, потенцира Бектеши. 

Тој информира дека за тоа разговарал вчера со премиерот Димитар Ковачевски.

-Вчера со премиерот разговаравме да им излеземе во пресрет дополнително на одредени сектори во индустријата. Имаме толку голем простор преку ЕСМ зашто е зголемено производството, што за тие компании кои ќе ги намалат цените државата ќе излезе во пресрет со поддршка, а за тие што нема тоа да го направат, ќе се укинат сите поддршки, подвлече министерот.

10.03.2023 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега