Среќни вести: Во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната година 2022/2023 година
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната 2022/2023 година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
· за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година,
· за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година,
· за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и
· за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа