Градоначалникот си се повози со автобус: „Граѓаните одлично го прифатија бесплатниот превоз“

 

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска се возеше со повеќе автобуски линии на неколку релации во општината во рамки на бесплатниот градски превоз за сите граѓани во Куманово.

-Имав можност да разговарам со ученици, работници, пензионери, студенти кои редовно ја користат оваа јавна услуга. Навистина ми е драго што мерката за бесплатен јавен превоз е позитивно прифатена од сите граѓани и претставува вистинско олеснување на семејниот буџет за многу семејства, кои отворено го искажуваа своето задоволство, со многу позитивни коментари и предлози. Разговарав и со возачите и ги слушнав нивните идеи и сугестии за подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните,  рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека линиите што ги користел немаат задоцнувања, а ја забележал и инспекциската контрола од Општината како активно ја следи редовноста на линиите. 

-Подобрување на условите за граѓаните останува главен приоритет на општина Куманово во сите сегменти, додаде Димитриевски.

Бесплатниот јавен превоз почна минатиот месец и ќе трае до јуни годинава. Претходно на седница на општинскиот Совет беше донесена одлука за воведуавње бесплатен превоз кон крајот на минатата година.

23.02.2023 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега