Горат трска и гуми на Смилковското Езеро, чадот се гледа и од Центар
Густ црн чад се шири од Железара кон центарот на Скопје. Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, за „Макфакс“ вели дека пожарот е на Смилковското Езеро, но веќе е под контрола.
„Горат трска и гуми на Смилковското Езеро. Пожарникарите веќе интервенираат“, кусо изјави командантот „Томевски“ за „Макфакс“.
Чадот се забележува и од Центар, а жители на Автокоманда се пожалија дека се чувствува и смрдеа.
23.02.2023 - 16:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа