Кривичен суд ќе има вонредна контрола по барањето на Боки 13: Веднаш ќе постапиме

 

 

Судскиот совет ќе постапува по претставката од Бојан Јовановски-Боки 13, а по обвинувањата дека Кривиечн суд има донесено фалсификувано решение со кое се одбива неговото барање да за прекин на казна поради влошено здравје. Јовановски побара вонреден надзор, а пак, Судски совет извести дека веднаш ќе постапи.

„Ве известуваме дека по поднесената преставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РСМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривицен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22 , денеска до бранителот мр. Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата ВЕДНАШ е земена во работа и дека се постапува по нејзинити наводи. Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот мр. Владимир Туфегџиќ“, посочува правниот тим на Бојан Јовановски.

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Рекет“ обвинувањата дека Кривичниот суд направил фалсификувано решение ги испрати до Судскиот совет од кој бара вонреден надзор и ревизија. Тој на членовите на Судскиот совет им посочува дека решението за прекин на казната кое се однесува на него е антидатирано во АКМИС-системот. Јовановски во дописот до Судски совет укажува зошто се сомнева на фалсификување и антидатирање.

23.02.2023 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега