Ангелов: Ако има дојава за бомба во мојата зграда, ќе си седам дома
Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК вечерва во гостување во емисијата Само вистина, на Канал 5 ТВ си кажа дека доколку имало дојава за бомба во неговата зграда, тој ќе си седел дома и немало да се евакуира.
„Ако сега отидам дома и ако ми јават дека во зграда има дојава за бомба, нема да излезам, ќе гледам телевизија, надвор студи“, рече Ангелов.
Тој додаде дека повеќе институции работеле на откривањето на испраќачите на стотиците лажни дојави за бомби во македонските училишта и јавни објекти.
Ангелов дели дека ова нанесува економска штета, а му штети и на образовниот процес. Но, тој вели дека граѓаните ќе отрпнат на ова и дека дел од нив веќе воопшто не се плашат, затоа што знаат дека дојавите за бомби се лажни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа