Лажен профил со фотографија на советникот Сакалиев од Кавадарци пишувал недолични коментари на интернет

 

Советникот во Совет на општината Кавадарци, Ристо Сакалиев пријавил во полиција, дека лажен профил со негова фотографија, пишувал недолични коментари на интернет. Во изјава за МИА, тој појасни дека непознато лице ја злоупотребило неговата фотографија од Фејсбук групата „Група избирачи Ристо Сакалиев, инаку тој нема личен фејсбук-профил. Сакалиев нагласи дека верува оти измамникот ќе биде пронајден и санкциониран.

Според Секторот за внатрешни работи Велес, вчера во 14.30 часот во ОВР Кавадарци, Р.С.(55) од кавадаречко село, пријавил дека на социјалната мрежа Фејсбук, непознато лице направило лажен профил, искористувајќи негова фотографија и од тој профил биле пишувани коментари, со недолична содржина. Се работи на расчистување на случајот.

На Сакалиев ова му е шести советнички мандат. Два мандата беше советник во Совет на поранешната општина Конопиште, а три, во кавадаречкиот општински Совет.

22.02.2023 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега