Маричиќ: Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан

 

Бојан Маричиќ на својот официјален фејсбук профил објави дека со ратификацијата на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци.

„Преку регионална соработка и оваа иницијатива, а врз основа на европската пракса и принципи, овозможуваме слободен пазар на труд меѓу земјите од Отворен Балкан и повисоки плати.

Со денешната ратификација на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци.

Ова значи унапредување на регионалниот пазар и заеднички чекор напред кон единствениот внатрешен пазар на ЕУ.

Мерката е значајна за македонската економија и за македонските компании кои стануваат поконкурентни и ќе можат да отвораат повеќе работни места и повисоки плати за граѓаните."- стои во објавата на Маричиќ.

 

13.02.2023 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега