Сеизмолошката опсерваторија предупредува: Лажните вести за земјотреси се опасни и незаконски

 


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги повика медиумите во своите објави за случени и почувствувани земјотреси да ги користат исклучливо нејзините официјални информации бидејќи, како што наведува, „споделувањето невистинити и погрешни податоци може да предизвика општа паника на населението и тоа е казниво со закон“.

Опсервацијата реагира со допис до медиумите „поради зачестено ширење непроверени информации за случени и почувствувани земјотреси“.

Во реакцијата Сеизмолошката опсерваторија потсетува дека и со закон таа е единствена институција во Републиката задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа и да ги објавува податоците за сеизмичките појави, вклучувајќи го и известувањето на јавноста за почувствуваните земјотреси во државава.

-За навремено информирање на јавноста за случените и почувствувани земјотреси, Сеизмолошката опсерваторија испраќа известување до медиумите по електронска пошта, наведуваат од Опсерваторијата и додаваат дека медиумите може да ја контактираат институцијата за дополнителни информации.

05.11.2024 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега