Силни земјотреси во Русија
Територијата на Русија утрово ја погодија два силни земјотреси.
Според информациите, едниот е со јачина од 5,6, а другиот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Посилниот земјотрес утрово во 5 часот и 56 минути ги погоди Курилските острови, а за нијанса послаб во планинскиот регион Урал.
Курилските острови се вулкански архипелаг во рускиот регион Сахалин.
13.02.2023 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа