Се запали викендица во Маврово каде бил Миле Зечевиќ

 

Се запали викендица во село Леуново каде викендов бил генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, пренесува Фокус.

Викендицата била во сопственост на мајката на Зечевиќ, а пожарот го пријавил токму тој.

„Денеска наутро (12.02.2023) околу 06.10 часот, М.З.(51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал. Повредени нема, интервенирала гостиварската територијална противпожарна единица. Во текот на денешниот ден ќе се врши увид“, соопштија од МВР.

Според информации на „Фокус“, пожарот избувнал од внатре, а сомнежите се дека имало некакви проблеми со оџакот.

12.02.2023 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега