ФОТО: Пендаровски ги пофали припадниците на АРМ кои учествуваа во спасување на малиот Сулејман

 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот фејсбук профил објави фотографија од припадниците на македонската Армија кои вчера учествуваа во спасувањето на пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција.

-Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција. Честитки, напиша Пендаровски на Фејсбук.

По шест часа расчистување на рушевините и дополнителни четири часа успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.

 

10.02.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега