Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС кон Турција и Сирија
Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија. Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји во периодот од 10 февруари 2023 година (00:00 часот) до 20 февруари 2023 година (24:00 часот).
На овој начин роднините на афектираните лица ќе можат полесно да бидат во контакт со нив. Дополнително, вака им се дава поддршка и на лицата коишто обезбедуваат помош на лице место.
Граѓаните можат да ја изразат својата солидарност со донација од 100 денари на бројот 143 400, отворен во соработка со Црвениот Крст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа