Сали за смртта на Благојче: Министерството не е најодговорна институција за овој случај

 

 

Министерот за здравство, Беким Сали, прашан дали се чувствува одговорен за смртта на пациентот Благојче Илиевски, кој ја изгуби битката со цистичната фиброза, без да го добие лекот, не одговори конкретно. Тој посочи само дека изразил сочувство до членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза. Министерот додаде дека тоа е затечен проблем, а Министерството не е најодговорна институција за тоа.

„Тој проблем беше наталожен од други фактори, не од Министерството за здравство. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно ги овозможува сите движења. Не е најодговорна институција за овој случај, ние навремено побаравме поддршка и од Владата и од Министерството за финансии – за да одговориме позитивно“, рече Сали.

Го повтори ставот дека сега ќе се вршат измени на три закони по што ќе почнат преговори за набавка на лекот „трикафта“.

09.02.2023 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега