Тим од 40 лица од ДЗС на терен во турскиот град Адијаман

 

Првиот тим за спасување составен од 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување од синоќа се на терен во градот Адијаман, Турција и веднаш се приклучени во операциите за пребарување и спасување.

Како што соопштија од ДЗС, истовремено се прават процени за потребите на терен и да се подготви за пристигнување вториот тим кој е во близина.

- Тимовите навреме и брзо се одвоија во помали тимови и се упатија на различни места за спасување во градот Адијаман, се наведува во соопштението. 

09.02.2023 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега