Таткото на министерот Бочварски отвори фирма за струја - по синот на Заев и сопругата на Ковачевски

 

Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави „Faktor.mk".

Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари. Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност и е производство на електрична енергија.

Според „Faktor.mk" досега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.

Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети.

 

01.02.2023 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега