Утре средба Таравари – Ковачевски за влез на Алијанса во владата
За утре во 12 часот во Владата закажана е средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, потврдуваат извори од АА за Прес24.
Преговорите меѓу Таравари и Ковачевски влегуваат во заршна фаза. Сител вчера објави дека остануваат истите комбинаторики за ресорите што би ги добила Алијанса за сметка на осумте пратеници кои треба да го стабилизираат сегашното кревко владејачко мнозинство. Се чека само конечна одлука од Алтернатива на Африм Гаши за тоа дали останува да биде владин партнер по влезот на Алијанса.
Кадрите на Таравари треба да ги преземат Министерството за правда и за здравство со кои сега раководат Никола Тупанчевски и Беким Сали, кадри на СДСМ и Алтернатива. Ако Алтернатива излезе тогаш нејзините ресори во целост ги презема Алијанса.Во комбинација се и ресори што сега ги држи ДУИ. Ако СДСМ го отстапи министерството за правда, тогаш би го презела образование или екологија од интегративците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа