Пендаровски: По изјавата на Џамбаски, секоја вечер спијам во различен стан
Претседателот Стево Пендаровски вели дека не се чувствуа загрозен за личната безбедност по изјавите на бугарскиот еврпратеник Ангел Џамбаски.
-Се шегував на оваа тема, само треба да ги изгаснеме светлата, затоа сме на една ваква локација, длабоко во шума скриени и секоја вечер откако Џамбаски ја даде таа изјава, спијам во различен стан. Се разбира, се шегувам, одговори Пендаровски на прашањето дали се чувствува безбеден.
Пендаровски додаде и дека и не е подигнато нивото на готовност, за неговата безбедност.
27.01.2023 - 21:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа