32 години од изборот на Киро Глигоров за прв претседател на независна Република Македонија
Пред 32 години Киро Глигоров беше избран за прв претседател на независна и суверена Република Македонија.
Глигоров беше претседател на Република Македонија во два мандата, заклучно до 17 ноември 1999 година.
Тој го имаше првото обраќање на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија на 8 април 1993 година стана 181-та членка на Светската организација.
На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол”.
По завршувањето на неговиот мандат како претседател беше посветен на публицистичка дејност, а меѓу делата е автор и на книгата „Македонија е сè што имаме” (2001).
Почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во неговиот дом на 94-годишна возраст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа