СДСМ: Кој го поставил споменикот на Цар Душан и дали е тој легално поставен?
СДСМ изразува загриженост за политиките на подделеност што ги стимулира власта на Никола Груевски, на што се резултат и случувањата поврзани со споменикот на Цар Душан.
Укажуваме дека оградувањето на Министерството за култура од поставувањето на споменикот на Цар Душан и молкот на институциите за тоа кој го поставил, остава простор за реакции со можни штетни последици.
СДСМ потенцира дека сите институции се во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ!
Бараме надлежните институции да и соопштат на јавноста:
-Кој го поставил споменикот на Цар Душан и дали е тој легално поставен?
-Ако не го поставило Министерството за култура дали тоа значи дека споменикот е диво поставен и што ќе се преземе во тој случај?
Наместо власта на Груевски да го пушта коалицискиот партнер Стоиљковиќ со говор на омраза да подгрева меѓуетнички тензиии, СДСМ категорично бара надлежните институции да излезат со конкретни информации за конкретниот случај.
Целата одговорност во врска со овој случај е кај власта и бараме сериозност од премиерот Груевски и Владата во неговото решавање.
(Интегрален текст од соопштение на СДСМ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа