Кочани доби ново спортско игралиште
Во населбата Селиште денеска е пуштено во употреба комбинирано спортско игралиште.
- Комбинираното спортско игралиште ќе им служи на децата и спортските екипи од населеното место Оризари да спортуваат во повеќе спортски дисциплини. Игралиштето овозможува спортување и рекреација во мал фудбал, кошарка, одбојка и ракомет. За неговата изградба и целосно опремување, општина Кочани инвестираше осум милиони денари од буџетот на општината, истакна на отварањето градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Димитровски информираше дека наскоро ќе биде пуштено во употреба и спортското игралиште кај населбата Тиквешински лозја, кое е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт и Владата и оти наскоро ќе биде пуштено во употреба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа