ЈП „Куманово гас“ ја намали цената на гасот
– Оваа цена би требало да е прифатлива и за домаќинствата и за правните субјекти, бидејќи е пониска од цената на нафтените деривати. Очекуваме да се пријават за повторно користење на гасот, како енергенс кој ослободува голема топлинска моќ и е еколошки, изјави директорот на ЈП „Куманово Гас“, Марко Митровски.
Во Куманово има 23, 5 километри дистрибутивна гасоводна мрежа на која се приклучени 32 правни субјекти, (училишта, установи, институции, градинки, некои приватни субјекти) и 98 физички лица (пред сè станари).
Во декември, 2021 година цената на гасот од 30-тина скокна на 80-тина денари и оттогаш постојано бележеше само раст, во еден момент изнесуваше 155 денари за нормален метар кубен гас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа