Чадиев се пофали со реализираните проекти во Велес

 

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска се пофали со 115 проекти кои се реализирани или се во фаза на реализација во општината во последните осум месеци. Како што рече Чадиев на денешната прес-конференција, по преземањето на функцијата, со поддршка од централната власт, во општината се реализирале или се во фаза на реализација  115 проекти од инфраструктурата, образованието, културата, социјалната заштита, комуналните дејности и други области. 

Чадиев денеска детално ги претстави проектите, истакнувајќи дека интензивно се гради новиот пешачки надвозник на железничката пруга Велес-Битола, градскиот стадион наскоро ќе има современ терен за спортување, а комлетно е реконструирана училишната зграда во која се сместени Гимназијата „Кочо Рацин” и средното стручно училиште „Димитрија Чуповски”. 

Пуштени се во употреба, како што наведе, новите реконструирани простории на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, а општината прв пат ќе добие и Градска куќа каде ќе се одвиваат повеќе активности од доменот на локалната самоуправа.

- Во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земојделството и руралниот развој, преку претходно одобрен проект,  е извршено асфалтирање на патот до с. Ораовец.  Во рамки на ваквата поддршка од централната власт, за наредната 2014 година на Општина Велес и беа одобрени три проекти со вкупна вредност од 11.000.000 денари, рече Чадиев, истакнувајќи го и значењето на  иднустриската зона „Караслари”, која била подготвена за новиот инвеститор.

07.12.2013 - 14:06
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа