ЦУК: Нема опасност од поплавување на куќи во Зелениково и Велешко, состојбата треба да се следи

 

Состојбата во Зелениково и во велешко е стабилна и излевањето на реката Вардар е стопирано, информира денеска Центарот за управување со кризи.

Од АД ЕСМ вчера соопштија дека е исклучена хидроелектраната „Св. Петка“, а во ХЕЦ Козјак е оставен да работи само еден агрегат со цел да се намали нивото на реката Вардар

– Утрово ЦУК во координативна комуникација ги информираше за тековната состојба според која се продолжува со контролирано производство на електрична енергија, велат од ЦУК.

Оттаму информираат дека во општина Зелениково, се уште има излеана вода надвор од коритото на Вардар од 15 до 20 метри на земјоделско земјиште во близина на река.

– Со тоа што во текот на ноќта немаше врнежи од дожд и имаше намалено контролирано и оптимално производство на електрична енергија, а со што помало испуштање на водата од браните „Козјак“ и „Матка“, водата на Вардар во еден дел се има и повлечено и поплавниот наплив – „бран“ е избегнат во Зелениково и во Велешко, велат од ЦУК.

Оценуваат дека опасноста од поплави во земјава се уште не е надмината и оти состојбата треба да се следи од дежурните институции во општините заради тоа што Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од снег. 

26.01.2023 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега