Димитров: Има решение за чворот со Бугарија но ни треба друга политичка гарнитура
Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров вели дека решение со Софија е можно, но доколку дојде до промена на политичката гарнитура во Скопје.
Во коментар за „Дојче Веле“, вели дека уште кога го презентираше пакетот, тогашниот бугарски премиер, Кирил Петков, кажа оти не се работи за подигнување на ветото, туку за негово развлекување. Според Димитров, суштинскиот проблем на ова решение е што не е решение.
-Бугарија со амин на нашата влада, успеа своите желби да ги вгради во европскиот процес. Нешто што не беше прифатливо за речиси сите земји членки на Унијата додека ние водевме принципиелна политика. Кога ја сменивме политиката ние самите ги аминувавме овие желби. Притоа, тие желби се невозможни, бидејќи се темелат на антицивилизациската теза дека македонскиот идентитет и јазик се вештачки. Едноставно, за да одиме напред по патот, треба да ја задоволиме Бугарија. За да ја задоволиме Бугарија пак, треба да се согласиме на оваа идентитетска агресија врз нас самите. Има излез од овој чвор, но за тоа ни треба сосема поинаква политика, што претпоставува и друга политичка гарнитура што ќе пристапи кон проблемот без да го злоупотребува за политички да преживее дома лажно претставувајќи се како проеверопска, вели Димитров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа