Селфи со претседателот и поздрави низ улиците - Пендаровски не се плаши од атентат

 

Претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии како слободно се шета и се поздравува со граѓани низ Гевгелија, каде што денеска претходно посети неколку организации и здруженија.

„Пријатни средби со граѓаните на Гевгелија, кои имав можност да ги сретнам за време на мојата посета на градот“, напиша претседателот вечерва на социјалните мрежи.

Тој очигледно не се плаши, слободно си шета низ улиците, откако претходно денеска Ангел Џамбаски му се закани со атентат.

25.01.2023 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега